Заев: Време е за конкретен економски бенефит

Денес, како резултат на Иницијативата ,,Отворен Балкан”, како што премиеепт Зоран Заев информираше на својот фејсбук профил, нашите граѓани од ќе осетат конкретен економски бенефит – без разлика дали тоа ќе биде поевтин одмор во Саранда, Преспа или Копаоник или пак побрз проток на стоките кои фирмите треба да ги увезат или извезат.

,,Со претседателот Aleksandar Vučić и премиерот Edi Rama ги потпишавме првите официјални документи за регионална соработка во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“, за да дадеме силен импулс за поттикнување на регионалната соработка.” – напиша премиерот на неговиот фејсбук профил.

Премиерот информираше дека денеска беа потпишани:
– Договорот за соработка за заштита и спасување од катастрофи во Западен Балкан,
– Меморандумот за разбирање за соработка во врска со слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан и
– Меморандумот за разбирање за соработка за олеснување на увозот, извозот и движењето на стоки во Западен Балкан.

Слични вести

Спорт

blank
blank
blank
blank