Филипче: Ќе се направи проценка дали треба да се набават и содветни количини од руската вакцина

Премиерот Зоран Заев, и вчера и денеска, одговарајќи на новинарско прашање дали се игнорираат понудите за руска вакцина, рече дека при планирањето на набавката се води грижа да не се дојде до набавка на преголема количина
Ќе се направи проценка дали треба да се набават и содветни количини од руската вакцина против ковид-19, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

„Во текот на вчерашниот ден тим на Министерството за здравство имаше состанок со надлежната компанија по прашање на стручните анализи“,

рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се набавуваат и други вакцини освен „Фајзер“, кинеската и оние што ќе стигнат во земјавата преку Ковакс системот.
Тој рече дека се приближува рокот до кога е најавено да пристигнат и останатите вакцини.

„Веќе добро функционира системот на закажување, близу 95 илјади граѓани се пријавени преку сајтот vakcinacija.mk или преку матичните лекари. Од нив, 44 илјади се граѓани на возраст над 70 години со хронични болести, значи тоа се таа прва приоритетна група на граѓани која треба да бидат вакцинирани по медицинскиот кадар. Веднаш кога ќе пристигнат вакцините, за разлика од сегашните вакцини тие ќе бидат дистрибуирани до сите вакцинални пунктови во земјава и ќе започне масовното вакцинирање на населението“,

најави министерот Филипче.
Премиерот Зоран Заев, и вчера и денеска, одговарајќи на новинарско прашање дали се игнорираат понудите за руска вакцина, рече дека при планирањето на набавката се води грижа да не се дојде до набавка на преголема количина.

Слични вести

Спорт