МВР и МТПС на висина на задачата случајот на Емилија добива нови димензии

Министерството за внатрешни работи и Центрите за социјални работи постојано постапуваат по ваквите случаи. И во текот на вчерашниот ден, но и денеска се во постојан контакт со Е.Г. и преземени се мерки и активности за заштита на Е.Г. (39)  и санкционирање на А.А. (38), кои според пријавеното биле во врска, а од страна на Е.Г. е пријавено загрозување на сигурноста . Од страна на Центарот за социјални работи на Е.Г. и е понудено сместување во шелтер центар, кој е одбиен од страна на Е.Г.Следен чекор е Е.Г. чија согласност се очекува, заедно со Центарот за социјални работи да покренат постапка за изрекување времени мерки пред надлежен суд. СВР Скопје против А.А. ќе поднесе соодветна пријава и се преземаат дополнителни мерки за заштита на Е.Г. која во моментов е во придружба на СВР и ЦСР Скопје.