На 28 март вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ против ВМРО-ДПМНЕ

Иницијативниот одбор составен од поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, актуелни градоначалници и други функционери од партијата, го претставија слоганот за вонредниот конгрес – „Сплотени кон победа“. Целта на конгресот е актуелниот претседател на партијата, Христијан Мицкоски да си замине од лидерската функција. Борче Стамов, рече дека сите членови се загрижени за настаните во партијата и поразите на изборите.

Од Иницијативниот одбор велат дека Мицкоски им ветил победа на претседателските и парламентарни избори, но тоа не се случило, за што, како што додаваат, некој треба да сносни одговорност.

Конгресот ќе се одржи на 28 март. Како што велат од Иницијативниот одбор, Мицкоски треба да им одговори на 367 делегати кои гласале за него – дали дали го исполнил ветувањето за обединување на партијата и дали ја вратил на прав пат?!

На 28 март ќе се гласа за недоверба на Мицкоски. Доколку не ја добие довербата од делегатите, тогаш ќе треба да се бира нов претседател на партијата, па поради тоа, од Иницијативниот одбор ги повикаа заинтересираните да изготват програма и да им ја достават на делегатите.