(ФОТО) Скопјани за последен пат аплаудираа на песните на Ѓорѓе Балашевиќ

Како низ повеќето поголеми градови низ државите од регионот, така и во Скопје вечерва се собираат обожаватели и почитувачи на неговиот лик и дело за да му оддаваат последна почит на Балашевиќ.

Денес од 19.00 часот почнаа да се собираат луѓе пред Универзална сала, по повод смртта на големиот музичар. Град Скопје го организираше настанот „Скопје за Балашевиќ“.

Скопјани за последен пат аплаудираа на песните на Балашевиќ. Не ги спречи ниту врнежливото време за да му оддадат почит на панонскиот морнар.

Со стотици запалени свеќи и пеејќи ги неговите најпознати песни, Македонија се збогуваше со Балашевиќ.