Кавадарци и Охрид нови жаришта на коронавирусот

Освен Скопје со 2.967 активни случаи на ковид-19, во земјава има нови жаришта и тоа Кавадарци каде што има 417 активни случаи и Охрид со 388.

Потоа следуваат Прилеп, Куманово, Велес, Тетово, Делчево…

Во последните 24 часа се направени 3.121 тестирања, а регистрирани се 357 нови случаи на ковид-19.

Во Скопје има 140, Кавадарци – 35, Прилеп – 32, Велес – 23, Охрид – 19, Куманово – 14, Тетово – 11, Неготино – 10, Гостивар – 7, Битола и Струга –по 6, Штип, Гевгелија, Берово и Богданци – по 5, Ресен, Делчево и Крушево – по 4, Струмица, Валандово и Кратово – по 3, Кочани, Крива Паланка, Радовиш и Пробиштип – по 2, Кичево, Свети Николе, Демир Хисар, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.

Слични вести

Спорт