МВР со детали што навистина се случувало во Трибека

На 20.02.2021 околу 20,15 часот во угостителски објект на бул.„Илинден“ во Скопје од страна на полициски службеници од СВР Скопје се лишени од слобода Х.Ј.(20) и А.С.(28) двајцата од Скопје, а во врска со претходна пријава дека во угостителскиот објект дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу П.Ѓ.(28) од Скопје и Х.Ј.(19), по што А.С. (27) почнал да го крши инвентарот од угостителскиот објект. Според сведочењето на присутните, сите тројца претходно седеле на иста маса. Потоа А.С. физички ја нападнал и Е.Х.(18) од Скопје која била заедно со С.С.(19) од Скопје, а потоа и го искршил мобилниот телефон на Е.Х… На местотот на настанот е извршен увид, известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Слични вести

Спорт