Премиерот Зоран Заев денеска на прес конференција, по новинарско прашање околу вчерашниот случај каде вработен охридската болница се вакцинирал против Ковид-19, иако не бил ниту лекар, ниту здравствен работник, посочи дека ќе се преземат конкретни мерки со цел да не се повторат вакви случаи.
Вчера се објави и осуда од министерот за здравство Венко Филипче за случајот кој се појавил во Охрид, се работи за секретарот/правникот во болницата што веројатно со директорот во ковид центарот во Охрид е постојано во комуникација, но прекршокот е во тоа што е надвор од планот за вакцинација. Верувам дека ќе се преземат конретни чекори за да не се повторат вакви случаи и да се оди сторо по протоколот кој е објавен јавно од МЗ“, порача Заев.
Посочува дека не случајно е вака воспоставен планот и доколку еден го прекрши планот за вакцинација, тогаш може да тргнат сите да го кршат во државава.