Националните Терестријални Телевизии со поддршка за Владата за измена на член 102

По вчерашната информација од Владата во која се вели дека работат на измени на чл.102 од ЗААВМУ со што ќе се активира европската пракса за продукција и емитување на „кампанњи од исклучителен јавен интерес“, денес реагираше и ММА.

Речси сите европски земји но и земјите од останатите континенти и нивните Влади овозможуваат продукција и емитување на т.н. „кампањи од исклучителен јавен интерес“, при што се внимава истите да не бидат злоупотребени за самопромоција на централната или локалната вест, користејќи јасни прецизни заштитини критериуми.
Националните терестријални телевизии и даваат поддршката на Владата да предложи измени на чл. 102 со цел стапување на сила на ваков тип на кампањи, а истите да бидат изгласани во Собранието. Следува целата реакција на ММА:
„Од: Македонска медиумска асоцијација
Датум: 21.02.2021 год.
ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЈАВНОСТА

Македонската медиумска асоцијација на националните терестријални телевизии, земајќи го во предвид речиси едногодишното живеење и работење во услови на светска пандемија, ја известува јавноста за нашата поддршка на Владата на С.Македонија во однос на нивната иницијатива.

Станува збор за измена на членот 102 од актуелниот Закон за Аудио и Аудиовизуелни медиумски услуги, во кој се забранува било какво користење на буџетски средства за било какво информирање преку приватните радиодифузери.

Сепак, земајќи ја во предвид позитивната европска пракса, која дозволува и препорачува емитување на непартиски кампањи од исклучителен јавен интерес , како што се на пример кампањите за заштитните мерки од Ковид-19, во смисол држење дистанца, носење на маски и сл., сметаме дека како европската, така и домашната јавност мора на вистинит но и навремен начин да биде информирана за теми и прашања од исклучителен јавен интерес кои имаат директен ефект врз македонските граѓани како на пример: антикорупција, борба против дезинформации и лажни вести , интеграција на земјата во ЕУ, борба за чист воздух и др.

Затоа нашата асоцијација на национални терестријални телевизии бара од Владата да подготви предлог измена на членот 102, кој истиот потоа ќе го достави до Собранието на Македонија, по што очекуваме Собранието да ја обезбеди горепосочената измена предложена од Владата.

Бенефитот на ваквите кампањи треба и мора да го почуствуваме сите, независно на етничка, верска или политичка припадност, и најважно , нашите сограѓани заслужуваат да добијат едукација, но и вистинска а не лажна и при тоа навремена а не измислена информирација за теми и прашања од исклучителен јавен интерес, од кои ние сите ќе имаме лична но и општествена придобивка.

Кампањите од искучителен јавен интерес, како што е на пример сегашната активност за имунизација на нашето население, нема никој право ниту пак смее да ги попречува да допрат до што е можен поголем број на наши сограѓани, на ефектен и правовремен начин, за што најдобар канал за пласирање на истите се националните терестријални ТВ канали.“