ВМРО со илјадници амандмани сака да ја блокира изградбата на новиот клинички центар

Предлог законот за изградба на новиот клинички центар е блокиран со 2.000 поднесени амандмани од ВМРО- ДПМНЕ. Министерот за здравство Венко Филипче јавно ги повика пратениците од опозицијата да ги повлечат амандманите кои, според него, не се конструктивни. Реагираа и од СДСМ. Оттаму велат дека ВМРО е единствената партија која ги блокира сите важни прашања кои се во интерес на граѓаните.