Сончева електрична централа и ветерен парк, две нови стратешки инвестиции во енергетиката

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев донесе одлука за реализација на две нови стратешки инвестиции во енергетиката.
На последната седница Владата како стратешки проекти ги усвои инвестициските проекти на Друштво за производство на енергија ЕФТ „Солар“ дооел Скопје и на Друштвото за производство, трговија и услуги „Ветерен Парк Вирови“ дооел Скопје, со што енергетскиот сектор ќе добие дополнителни два нови извори на обновлива енергија.  
Ова е еден од низата чекори што Владата ги презема во насока на зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори и замена на старите нееколошки енергенси со нови зелени извори на енергија. 
За потсетување, пред неколку месеци, државата се вклучи во гасната централа „Александропули“ во Грција која треба да обезбеди сигурно и стабилно снабдување со природен гас. 
Истовремено, во фаза на подготовка или во фаза на реализација се неколку фотонапонски електрани како и ветерни паркови, распоредени во неколку општини ширум државата.
Од земја зависна од скап увоз на енергија, денеска сме земја шампион во енергетски реформи, држава која го трансформира и модернизира својот енергетски систем.
Сето ова почитувани е потврда за посветеноста на Владата на инвестициите во зелени, еколошки и обновливи извори на енергија со цел да обезбеди поевтини извори на енергија, здрава животна средина и почист воздух за сите.
Како одговорна партија продолжуваме да спроведуваме реални, одговорни, државнички политики во делот на енергетиката.

Слични вести

Спорт

blank
blank
blank
blank