Откако професорот Борче Давитковски за начинот на собирањето на потписи против одржување на претстојниот попис од страна на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека станува збор за егзибиционизам кој нема правна потпора и дека ова неформално собирање потписи не значи ништо, Христијан Мицкоски преку Твитер упати непристојни закани кон член на семејството на професорот Давитковски.
„Ви доаѓа крајот па се вознемирувате. Ајде член на твоето семејство ќе остане уште малку да цица од нашите крваво заработени денари. “, напиша покрај другото Мицкоски во врзаниот твит упатен кон професорот Давитковски.
