Мијалков последно виден со Коневски во кафе барот Дистрикт

Сашо Мијалков е недостапен за Министерството за внатрешни работи, а екипата на ТВ21последно го виде вчера (21.02.2021) во кафе барот Дистрикт, Мериот.

Седеше на првата маса од влезот кој се наоѓа од страна на Плоштадот Македонија. Надвор од објектот и внатре имаше неколку лица кои го обезбедуваа.

На маса беше заедно со Ивица Коневски, разговараа околу половина час. А потоа, Коневски си замина, а по извесен период и Мијалков. Влезе во хотелот Мериот, за по 10-тина минути да го напушти хотелот.

Екипата на ТВ21 остана во Дистрикт, а до крајот додека биле таму, тој не се вратил.

Инаку, полицијата, попладнето не успеала да му го врачи решение за куќен притвор, како мерка за претпазливост, кое на барање на обвинителството викендот го донесол Кривичниот суд.

Мијалков е еден од неколкутемина обвинети во случајот „Тврдина-Таргет“. По минатонеделното рочиште на кое беа презентирани завршните зборови на одбраната и на обвинителството, за петок беше најавено изрекување на пресудата. За него, обвинителката Ленче Ристоска побара максимална казна.