Полиција пред Мериот и пред домот на Мијалков на Водно

Полицајци и полициски возила и утрово се присутни околу хотелот Мериот и пред домот на Сашо Мијалков на Водно.

Тој од вчера попладне е недостапен за полицијата која го бара за да му врачи решение за изречен куќен притвор.

Куќниот притвор викендoв го изрекоа од Основниот кривичен суд во Скопје по предлог на обвинителството кое побарало построга мерка на претпазливост во пресрет на изрекување на пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“ на 26 февруари.

Мијалков последен пат, како што објавивме, бил забележан во кафулето „Дистрикт“, кое се наоѓа во рамки на хотелот „Мериот“, во непосредна близина на скопскиот плоштад.