Заев се појави на процесот Титаник, се очекува прва реакција по исчезнувањето на Мијалков

Премиерот Зоран Заев утрото се појави во скопскиот Кривичен суд каде се очекува да сведочи во случајот „Титаник“, каде за злосторничко здружување и изборен криминал се Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Мартин Протоѓер, Миле Јанакиески, Билјана Бришкоска, Илија Димовски, Кирил Божиновски, Леко Ристовски, Едмонд Темелко, Мунир Пепиќ и други од ВМРО-ДПМНЕ.

Со оглед на последните случувања со бегството на екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков се очекува по исказот кој што ќе го даде, премиерот Заев да и се обрати на јавноста. 

Бројни новинарски екипи се пред судот во очекување да ги чујат од Заев првичните согледувања на Владата во однос на исчезнувањето на Мијалков.