Судот одредил куќен притвор, Обвинителството барало Мијалков да биде спроведен во Шутка

Од МВР потврдија дека е распишана национална потерница за екс шефот на тајната полиција

СКОПЈЕ – Обвинителството за гонење на организиран криминал вчера попладне побарало од кривичниот суд Мијалков да биде спроведен во Шутка, поради опасност од бегство, а судот одлучил да ја ублажи мерката и да му одреди куќен притвор со задолжителна електронска алка за следење.

„Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, вчера во 15:00 часот до Основниот кривичен суд Скопје, достави предлог за определување мерка притвор против С.М. обвинет во предметот со КОК бр. 47/17 од обвинителството означен како „Таргет-тврдина“, заради постоење на сомнение за евентуално бегство. Откако е утврдено дека надлежен за постапување по предлогот е Кривичниот совет при Одделението за организиран криминал и корупција, а имајќи ја предвид итноста на постапката, иако судот Законски имал рок од 24 часа да одлучува со оглед да предлогот е поднесен за време на викенд, советот во корелација со документацијата за соменвањето за бегство приложена од обвинителството со прилог известување доставени од Бирото за јавна безбедност при МВР, веднаш започна со постапување и донесе решени со кое на обвинетиот му определи мерка куќен притвор со 24 часовен надзор како и видео и електронски надзор, а во 18:30 часот решението веќе беше експедирано до МВР како надлежни за понатамошно постапување“, соопштија од Кривичниот суд.

Од Обвинителството со кое раководи Вилма Рускоска сеуште нема информација зошто токму вчера е баран притвор а не на рочиштето во петокот и од кога ги имале инофрмациите за бегство.

МВР веќе распиша национална потерница по екс шефот на тајната полиција а не се исклучува можноста да биде баран и преку Интерпол со меѓународна потерница.

Вчера околу 20 часот бројни полициски екипи се појавија пред неговиот дом во комплексот „Панорама„ на Водно за да му го врачат решението за куќен притвор откако било потвредно дека Мијалков се наоѓа на таа локација. Меѓутоа МИјалков не бил пронајден. Истое времено тимови на МБВ, се појавија и во хотелот „Мериот“ во центарот на Скопје споственост на Мијалков како и во станот во населбат Капиштец.

Мијалков е обвинет во случајот Таргет-Тврдина за незаконски прислушување на илјадници граѓани во периодот додека беше директор на УБК, од 2006 до 2015 година.