Турски државјанин со лажен ПЦР-тест сакал да излезе од државата

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против државјанин на Република Турција, осомничен дека сторил кривично дело „фалсификување исправа“.

Како што соопшти Јавното обвинителство, обвинетиот 32-годишник, на 17 февруари на граничниот премин на Меѓународниот аеродром – Скопје, при пријава за излез од државава, употребил медицински сертификат за извршено тестирање за SARS-CoV-2 (ПЦР тест). На сертификатот стоело дека е издаден од една лабораторија во Скопје, иако обвинетиот знаел дека воопшто не се тестирал. При проверка службите утврдиле дека таа лабораторија не го издала сертификатот, односно дека сертификатот е фалсификуван.​