Нема политички договор со поранешниот шеф на УБК

„Јас сум разочаран дека не е пронајден и приведен. Барам да постапат институциите и да ја спроведат судската одлука. Верувам дека тоа може да се спроведе. Очекувам комплетно детали за бегството и целосно нашиот народ очекува понесување одговорност. Доколку не се спроведе решението, очекува одговори за бегството и во петок се очекува тој да биде осуден за еден од најголемите случаи. Реков дека ќе побарам одговорност кога ќе ги знаеме деталите. Ако не се лажам во 18,30 во БЈБ е примена наредбата и ако има било што кое не е дозволено, ќе има одговорност. Не очекувајте да дадам коментари и да водам истрага пред медиумите. Ќе очекувам одговорност за овој случај таму каде има затајување. Очекувам да биде најден. Нема политички договор за Мијалков. Среќен сум што после режим и крадење на државата, организиран е правен процес кој финишира. Најавена е казна според доказите и веројатно тоа е причината за бегството“, изјави Заев.