Кумот на Шабан Шаулиќ до детали ја опиша сообраќајната несреќа во која почина пејачот:

Кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ почина пред две години во сообраќајна несреќа во Германија, а со него во автомобилот бил клавијауристот Мирсад Кериќ кој исто така почина,  и кумот на Шабан Слободан Боба Стојадиновиќ кој до детали раскажа што се случило тој ден.

„Пристигнавме во Дизелдорф во 5 часот попладне. Не возеше еден пријател, имаше добар автомобил. Седевме позади и се шегувавме. Последните денови беше тажен, не беше тој, како нешто да го мачеше. Зборуваше за Синан, за времето како го поминувал додека не почина, кажа за Синан дека нема уште долго да живее, а така кажа и за себе“, започна кумот на Шабан.

Слободан заспал во автомобилот, а го разбудила сообраќајната несреќа.

„Легнаме да спиеме, а не спиевме, а тој веќе беше станал и брзаше. Тргнав, заспавме во автомобилот, а моментот на будење не можам да ви го опишам, паѓам, пливам, летам, се појавува бела светлина, како да сонувам. Кога го видов и ги слушнав тие воздишки, никогаш нема да заборавам. И денес ја слушам неговата тешка воздишка“, вели Боби.

„Ме сместија во болница, ми се јави Гордана, собрав сили да и се јавам, а таа ме праша:  „Слобо, па каде сте, што е со вас?“, јас и се јавив и кажав каде сме, таа ми се јави и плачеше на цел глас: „Го нема твојот брат, го нема Шалета мој“, се потсетува Слободан.

„Кога  беше годишнината, на гробиштата се појавив петнаесет минути до седум, сакав да бидам сам и да позборувам со него. Се плашим да се гледам со било кој, со Гордана, децата…јас многу ги сакам, но немам сила да зборувам со нив, не знам како би се однесувал. Кога зборував со Гордана, плачеше три часа и ми кажа: „Како да го видов мојот Шабан“, раскажува Слободан за „Викенд премиера специјал“.

Потсетуваме, Шабан на 16 февруари 2019 година имаше настап во Германија, а на 17 февруари почина во сообраќајна несреќа.