Расчистен нападот врз Бислимоски, кривична пријава за насилство против Џафери

Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека случајот со нападот врз претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски е целосно расчистен и дека против Аријанит Џафери ќе биде изготвена кривична пријава за кривично дело „насилство“.

– Во врска со случајот кој синоќа, околу полноќ, во СВР Скопје го пријави М.Б.(45) од Скопје дека на тераса од угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од А.Џ.(28) од Скопје, ја известуваме јавноста дека случајот е целосно расчистен и против А.Џ. ќе биде изготвена кривична пријава за кривично дело „насилство“ по член 386 од КЗ.

Веднаш по пријавувањето на настанот, преземени се содветни мерки за расчистување, односно изготвено е писмено известување до ОЈО Скопје, извршени се разговори со сведоци на настанот, обезбедена е видеоснимка, извршен е разговор со пријавениот А.Џ., кој во целост го призна делото, и по консултација со јавен обвинител ќе биде изготвена кривична пријава за кривично дело насилство по член 386 од КЗ, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Слични вести

Спорт