Илиевски: Галерија на отворено и графити арт за урбано Куманово

Оливер Илиевски кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово оствари средба со цртачи на графити од Куманово, на којашто се согласија дека е неприфатливо да се потиснува гласот на ваквите креативни луѓе, да наидуваат на затворени врати од општината и да не се искористи нивниот потенцијал за создавање на модерен и урбан град.

“Заедно можеме да го урбанизираме градот, со Мој Еколог ќе уредиме квадрати во секоја населба, како и во новиот современ кеј со амфитеатар, Вело и адреналинскиот парк, како Општина да ги поддржиме креативците и заедно да ги разубавиме овие јавни површини со графити и галерија на отворено.”, потенцираше Илиевски.

blank
blank
blank