Денеска во Скопје два протести и затворање на два булевари, ќе протестираат ВМРО-ДПМНЕ и угостителите

За денеска се најавени два протести во Скопје. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ најави протест со затворање на Булеварот „Борис Трајковски“ на крстосницата кај фабриката „Усје“.

За денеска се најавени два протести во Скопје. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ најави протест со затворање на Булеварот „Борис Трајковски“ на крстосницата кај фабриката „Усје“.Протестот ќе почне во 13 часот до 14:30.

За денеска во Автокоманда на главната крстосница на булеварот Александар Македонски, ќе протестираат угостителите.

Тие протестираа и во петокот, и бараат протоколи од Владата за да почнат со работа. На протестот ќе се приклучат и музичарите.

Овој протест стартува во 14 часот, и ќе трае до 17 часот.

Слични вести

Спорт