Во ковид-центрите има вкупно 625 пациенти, 248 се во Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 10 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а од нив еден е на интерните клиники, 5 во ГОБ 8 Септември и 4 на Инфективната клиника. Дома се пуштени 7 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 21 пациент, на Клиниката за неврологија 12, а на Институтот за ТБЦ има вкупно 25 пациенти со симптоми на коронавирусот. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 76 болни, а на Клиниката за инфективни болести 88 пациенти, во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле 25, а на ГАК има една хоспитализирана ковид-позитивна пациентка.

Во однос на ковид-центрите низ државата, во болницата во Битола се хоспитализирани 23 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19, во болницата во Штип има 33 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 14 пациенти, во Велес се лекуваат 28 болни, а во Куманово 48 пациенти. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 53 пациенти, во Прилеп 54, во ковид-центарот во Гостивар 8, а во Струга 21. Во болницата во Струмица има 28 пациенти, во Кочани 5, во Кичево 8, Кавадарци 31, во Гевгелија 4 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.

Слични вести

Спорт