ЗИМНИЦА ВО АМБАСАДАТА НА САД: Брнс направи македонски ајвар во резиденцијата во Скопје

Американската амбасадорката во Република Македонија, Кејт Мери Брнс, објави видео како прави македонски ајвар во резиденцијата во Скопје .

Според видеото објавено на Фејсбук, на кое се гледа како пече и лупи пиперки, правењето ајвар стана дел од традицијата во резиденцијата на амбасадорката и на нејзиниот сопруг и сите се приклучија во правењето ајвар наречен „red dog“ (црвено куче).

Поголемиот дел од ајварот направен од Кејт Мери Брнс, се посочува ќе им биде подарен на странски дипломати, гости од САД и пријатели на амбасадорот.

Тоа е начин да се промовира овој деликатес на традиционалната македонска кујна меѓу Американците и другите не-локални жители, се вели во видеото.

Правењето ајвар е македонска есенска традиција.

Слични вести

Спорт