Ќе се утврдува колку скопјани имаат стекнато имунитет од ковид-19

Започна научно – истражувачкиот проект на Институтот за имунобиологија и хумана генетика при Медицинскиот факултет во Скопје, кој има цел да го утврди процентот на луѓе кои имаат стекнато антитела од вирусот ковид 19. 

Денеска во општина Карпош биле земени почетните 135 единици крв од потребниот примерок за т.н. серолошки скрининг, односно од вкупнот примерок за испитување на отпорноста на ковид на ниво на град Скопје.

Стручниот тим од Инстутот ќе продолжи со ова истражување и во другите скопски општини.