Зошто ОЈО за организиран криминал одолговлекувало и не побарало притвор за Мијалков од судот?

Обвинителството за гонење на организиран криминал уште во саботата знаело дека се подготвува бегство на Сашо Мијалков, но наместо да побара притвор од судот, од таму одолговлекувале јавувајќи се во МВР, дознаваме од извори во истрагата. Од свои извори ОЈО дознале дека Мијалков се подготвува да бега и наместо да си ја извршат обврската и на тој начин уште во саботата да го стават во притвор, тие се јавувала да го известат МВР, за потоа МВР да треба да ги извести нив, затоа што по закон МВР е „под“ обвинителството, а потоа случајот дополнително е одолговлекуван. Во целиот тој период МВР е со врзани раце и не може да го приведе Мијалков затоа што нема наредба од судот туку се што може е да врши набљудување на јавниот простор. Цели два дена се изгубени, а МВР добива наредба да го приведе Мијалков дури во недела во 19 часот. Обвинителството ќе мора да објасни и зошто во петокот не побара притвор за Мијалков, кој беше во судница на рочиште за неговиот случај. Според нашите извори, дел од обвинителите што се дел од овој случај притискале за притвор, но сепак била донесена одлука да не се бара притвор за Мијалков.