Вашингтон: Ја следиме ситуацијата со Мијалков

Одблизу ја следиме ситуацијата со Сашо Мијалков, изјави портпаролот на Стејт департментот за „Гласот на Америка“.

Тој изјави дека САД се „свесни за извештаите поврзани со бегството“.

Полициски екипи трагаат по Мијалков од вчера, кога не го најдоа за да му го врачат решението за куќен притвор, а Министерството за внатрешни работи (МВР) во меѓувреме распиша и меѓународна потерница.

Пресудата за Мијалков, кој е обвинет во предметот за масовно прислушување „Тврдина-Таргет“, треба да биде соопштена во петок.