МВР продолжува со сузбивањето на недозволената трговија со дрога, пронајден хероин во Кавадарци

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените мерки и активности за сузбивање и спречување на недозволената трговија со дрога и улично дилерство.

Имено, вчера, 27.11.2021, по претходни оперативни сознанија и судска наредба, полициски службеници од ОВР Кавадарци извршиле претрес во дом кај М.А. и В.М. во Кавадарци, при што се пронајдени околу 150 грама хероин, повеќе пакувања подготвени за продажба.

Од министерството за внатрешни работи известуваат дека при претресот е одземено е и возило “алфа 159 “ како и парчни средства за кои, како што стои во соопштението на МВР, постојат основи на сомнение дека потекнуваат од продажба на дрога. В.М. е лишена од слобода и се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок до надлежното обвинителство.

Слични вести

Спорт