РАСТЕ НЕРВОЗАТА КАЈ ИНВЕСТИТОРИТЕ: Што се случува со биткоинот?

Вредноста на биткоинот денес падна за повеќе од 10 проценти, на помалку од 50 000 долари, бидејќи инвеститорите почнуваат да покажуваат знаци на нервоза и што е можно поскоро да извлекуваат профит со продажба на оваа дигитална валута.

Вредноста на една дигитална монета во моментов е 48.575 американски долари, што е за 16 проценти помалку од рекордната вредност достигната во саботата на 20 февруари

На годишно ниво, биткоинот е сè уште во плус за околу 75 проценти, а падот следеше и покрај послабиот курс на доларот во однос на другите валути.

Директорот на компанијата „Кју 9 капитал“ за дигитални средства од Хонг Конг, Џејмс Квин, смета дека е „сосема нормално и здраво“ поединците да продаваат биткоини и оцени дека тоа во моментов го прават малопродавачи.

Неодамнешната инвестиција на Тесла во 1,5 милијарди долари во биткоин ја поттикна оваа криптовалута над 50 000 американски долари, но ги изложи своите акции на движења во вредноста на биткоинот.