СДСМ: Мицкоски да ги повика на одговорност сите обвинети од ВМРО-ДПМНЕ

Откако ги призна сите криминални злодела на ВМРО-ДПМНЕ предводена од неговите ментори Никола Груевски и Сашо Мијалков, Христијан Мицкоски да ги повика на соочување со одговорност сите во белиот дворец против кои се водат судски предмети, побараа од СДСМ во соопштение до јавноста откако опозицијата во неколку наврати побара оставка од Владата поради бегството на Мијалков.

„Мицкоски да ги повика на одговорност сите обвинети од ВМРО-ДПМЕ, поранешни и сегашни функционери. Цели три години Мицкоски е на браникот на криминалот, работи против правдата, против судска разрешница на предметите на СЈО во кои се и Груевски и Мијалков, ама и Милошоски и Орце Камчев и многу други. ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се симболот на криминалот, корупцијата и неправдата. Граѓаните ова многу добро го знаат. Како што и досега не успеа во својата намера, нема да успеат ниту овој пат, одговорност ќе има за сите до еден“, 

се вели во партиското соопштение.