Фетаи веднаш побара притвор за осудените во „Монструм“

Обвинителката Фатиме Фетаи по објавата на пресудата за случајот „Монструм“ рече дека обвинителството е задоволно од досудените казни.

На доживотна казна затвор беа осудени Алил Демири и браќата Агим и Африм Исмаиловиќ, за кои судијата рече дека се виновни за кривичното дело „тероризам“. Обвинетиот Хаки Азири е осуден на казна затвор од 9 години, а Фејзи Азири на казна затвор од 15 години. Единствено на слобода останува Сами Љута, за кога обвинителството го повлече обвинението.

Обвинителката Фетаи веднаш побара на осудените да им биде определена мерката притвор до правосилност на пресудата, поради опасност од бегство. Таа во детали ги образложи барањата за притвор.