Оливер Спасовски поднесе оставка од функцијата во партијата

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, поднесе оставка од потпретседателската функција во СДСМ. Како што дознаваме, писмената оставка денеска е депонирана во седиштето на партијата. tippmix szelvény

Засега нема информација дали Спасовски ќе биде дел и од реконструираниот владин кабинет. gaminator download pc

Потсетуваме дека пред неколку дена, во телевизиско појавување, Спасовски посочи дека не треба да биде дел од новиот тим на СДСМ, односно дека новиот претседател на партијата, Димитар Ковачевски треба да избере нови лица.