Втората пратка вакцини од Србија пристигнува утре

Втората пратка вакцини од „Фајзер“, кои се дел од донацијата од Србија ќе ппристигнат утре, информира Министерството за здравство.

Пратката со вакцини ќе ја предаде министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар, а од македонската страна ќе ја прифати неговиот колега, Венко Филипче.

Примопредавањето ќе се одвива на граничниот премин Табановце, меѓу С Македонија и Србија.