СТИГНУВА ВТОРАТА ПРАТКА ВАКЦИНИ ОД СРБИЈА

Денеска на граничниот премин Табановце, министерот за здравство, Венко Филипче ќе го пречека неговиот српски колега, Златибор Лончар кој ќе ја предаде втората пратка од донацијата од соседна Србија.

Пред десеттина дена, стигнаа првите 4.680 вакцини од Фајзер, и со овие дози веќе се спроведува вакцинацијата на здравствените работници. 

До крајот на неделава или евентуално почетокот на следната се очекува во Македонија да пристигнат и 200.000 дози од кинеските вакцини на производителот Синофарм.