Спасовски: Мијалков бил цело време во Скопје

„Мијалков не ја напуштил државата во изминатите два-три дена. Тој цело време бил во Скопје. Се преземаа низа на опсежни мерки за негово утврдување“, изјави утрово министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за емисијата „Утрински брифинг“.

Тој посочува од моментот кога се добива сознание дека е можно да се изврши бегство, МВР ги применило сите полициски овластувања.

„Според членот 51 од Законот за полиција, вие можете да превземете прикриено полициско набљудување од јавни површини“, вели Спасовски.