Пристигна втората пратка вакцини од Србија

Министерот за здравство, Венко Филипче на граничниот премин „Табановце“ ја прими втората пратка од вкупно 8.000 дози вакцини на Фајзер, донација од Србија.

Филипче заедно со неговиот српски колега Златибор Лончар лично ја претоварија пратката.

Првата пратка од 4680 дози вакцини Фајзер од Србија пристигна во нашата земја на 14 февруари. Со таа пратка кај нас официјално започна процесот на имунизација против Ковид-19.