Заев: Имаме зголемување на просечната плата за 5,4 проценти

„Продолжува растот на платите од месец во месец. Просечната исплатена нето плата во декември 2020 изнесувала 28.294 денари, што е зголемување за 5,4% во однос на истиот месец во 2019, поточно за 1.458 денари“, објави премиерот Зоран Заев.

Тој напиша дека како Влада се посветени на покачување на платите за да стигнеме до 34.000 денари во следните четири години, со цел подобрување на стандардот на граѓаните и економијата во земјата.