193 санкционирани возачи во Скопје: 29 за возење без возачка дозвола, 24 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 193 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 29, 24 за непочитување на брзина на движење, осум за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се 10 санкции за користење на мобилен телефон, седум за возење под дејство на алкохол, пет за некористење сигурносен појас, четири за минување на затворен семафор (црвено светло), пет за прекршоци што ги чинат пешаците, четири санкционирани мотоциклисти и 44 казни за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.