Работна средба на Гошаревски и Паскалидис за отворање на граничниот премин Маркова Нога

Техничко усогласување на катастарските координати за отворање на граничнот премин Маркова Нога, беше целта на денешниот состанок на градоначалниците на општините Ресен од македонска и Преспа од грчка страна Живко Гошаревски и Панајотис Паскалидис.

Техничките лица од двете држави одблиску, од терен, ги запознаа градоначалниците и со другите активности околу отворањето на овој граничен премин, што е од големо значење за регионот.

– Очекувам после средбата да се изработат плановите од двете страни и да се почне со активностите за отворање на Маркова Нога што побрзо. Оптимизам и желба за отворање во најбрз временски период има и од македонска и од грчка страна, истакна Гошаревски.

Отворањето на граничниот премин Маркова Нога, според ресенскиот градоначалник, ќе значи голем потенцијал за дополнителен туризм, трговија, комунијкација и заендички проекти меѓи двете општини, како и подобрување на условите за живот на населеието. /МИА

Слични вести

Спорт