Еве кои се трите можни датуми за локалните избори

Претседателот на Собранието Талат Џафери предупредува дека доколку дојде до тоа паралелно да се одржуваат предвремени парламентарни избори, треба да се има предвид како тоа ќе се одрази на роковите за техничката влада, за кампањата и за увидот во избирачкиот список и како ќе се одрази врз работата на ДИК и соодветните институции.

Локалните избори треба да се одржат на 3-ти, 10-ти или 17-ти октомври, соопшти денеска на средба со новинарите претседателот на Собранието Талат Џафери.

Деведест дена претходно тој треба да ги распише изборите односно во јули, а најдоцна на 1 август, во зависност од датумот што ќе го договорат политичките партии.

Џафери предупредува дека доколку дојде до тоа паралелно да се одржуваат предвремени парламентарни избори, треба да се има предвид како тоа ќе се одрази на роковите за техничката влада, за кампањата и за увидот во избирачкиот список и како ќе се одрази врз работата на ДИК и соодветните институции.

За барањето на опозицијата за избори заедно со локалните, вели дека еден пратеник може да го поднесе предлогот и ако има соодветно мнозинство нека го изгласа.