Кога зборуваме за правда, можеби Игор Јанушев е еден од најдобрите соговорници, осомничен за криминал, и од СЈО и ЈО, партиски другар по мафијаштво на Груевски и Мицкоски.
Правда мора да има за секого, без разлика кој е тој и на каква позиција се наоѓа. Она што го направија институциите, со приведување кон правдата на Мијалков и неможноста да избега од правдата, покажува дека ниту еден кој правел било каква штета на граѓаните и државата не може а да не се соочи со правдата. Тезите дека некој нешто договарал, се демантираат една со друга.
Секој еден кој носел одлуки спротивни на законот и на интересите на граѓаните и државата ќе понесе одговорност.