Започна првата фаза од реконструирањето на Кејот 13 ноември

Започна првата фаза од реконструирањето на Кејот 13 ноември, угостителите според договорот со локалната власт веќе сами го ослободуваат просторот кој зазема најголем дел од шеталиштето.

Кејот почнува полека да дише, мајсторите се веќе тука, ги отстрануваат летните тераси, надлежните најавуваат дека целиот проект ќе биде завршен во рок од четири месеци.

Иако кога градот го претстави проектот имаше негодувања од страна на угостителите, по бројните состаноци се најде заеднички јазик. За нив е клучно дека конечно ќе се реши нивниот просторен статус, а задоволни се и од тоа како е предвидено да изгледа кејот, односно велат дека реконструкцијата е добродојдена за сите засегнати, вклучувајќи и граѓаните.

-Ќе имаме едно големо задоволство за во иднина да работиме, битно е што овде ќе нема улица и ќе биде, многу, многу попријатно отколку досега за сите овие години, а ние сме тука повеќе од 16-17 години и ќе има една вистинска убавина на градот, вели Михајло Муфиновски угостител. 

Граѓаните од друга страна, кои што досега се движеа по пропаднатите плочници се оптимисти околу реконструкцијата…

Според планот, кејот ќе биде уреден со дополнително зеленило и нови патеки, скопјани ќе одмараат на нови клупи, а искршените канти за отпадоците ќе бидат заменети со нови. Со временски режим ќе се уреди влезот на автомобилите, а достапност ќе имаат само оние што треба да ги исполнат потребите на кејот.