На Мицкоски не му успеа планот со Мијалков, допрва ќе си ги гледа поразите на тема правда, интерпелацијата за Спасовски нема да помине

На Христијан Мицкоски му е криво што не му успеа планот со Мијалков, што потфрли во исполнувањето на неговата единствена задача да ги одбрани криминалите на луѓето што го поставија на чело на белиот дворец.

Мицкоски не се грижи за граѓаните, ниту за правдата, се грижи како да го заштити својот ментор Груевски, да ги заштити Мијалков, Камчев, Милошоски, Димовски, Јанушев и сите останати сегашни и поранешни функционери на ВМРО ДПМНЕ, против кои се водат процеси пред надлежните судови.

На Мицковски му тежи тоа што Оливер Спасовски успешно се справува со криминалот и корупцијата.

Но тоа е негов проблем. Интерпелацијата за Спасовски нема да помине.

Сите обиди на Мицкоски да го одбрани криминалот на ВМРО-ДПМНЕ пропаднаа, а допрва ќе си ги гледа поразите на тема правда.

Патот на правдата е чист и се почесто ќе гледаме спроведена правда за сите кои се обидуваат да се стават над законот.