17 нови згради високи 33 метри ќе се градат во Ѓорче Петров

Додека Иницијативата против урбано дивеење бараше средба со Министерот за транспорт Бочварски за да го спречи донесувањето на спорниот Детален урбанистички план во Ѓорче Петров, Планот  помина на Седница на Советот на Општината. Граѓаните тврдат дека во близина на паркот во населбата ќе никнат 17 нови згради високи 33 метри. Го обвинија градоначалникот Наумоски дека има лични врски со урбаната мафија.

Од Општина Ѓорче Петров велат 14 нови згради се предвидени со планот. Тврдат дека новиот е ист со стариот ДУП од 2014 година, но разработен.

Домувањето влегува со вкупна квадратиура од 88.300 метри квадратни но во таа површина влегуваат и сите веќе постојни објекти. Всушност од 20 нови градби со намена домување шест се веќе реализирани со вкупна квадратура од 30.300 метри квадратни. Произлегува дека идна површина за градба изнесува 58.000 метри квадратни. Суштината е што оваа квадратиура е истата квадратура од постојниот ДУП кој што е сеуште во актива.

Се знае дека во новопланираната површина за градење влегуваат 16 градежни парцели. Предвидено е таму да живеат максимум 1.359 жители, од кои максимум 892треба да бидат нови. Тврдат предвидено е да се зголеми зеленилото  за 15 проценти.