Во Богородица пристигна првиот штрк во земјава

Во гевгелиското погранично село Богородица,според евиденцијата на Македонското еколошко друштво,пристигна првиот штрк предвесник на пролетта кај нас кој безбедно се смести во своето гнездо изградено врз камбанаријата на селската црква.

Гевгелискиот регион,посебно селата Богородица и Стојаково кои се опкружени со вода и изобилство од храна,се сметаат за места со најголем број штркови во нашата земја за кои веќе почна да се води и посебна грижа поради податокот што нивниот број кај нас и во Европа,според последните пребројувања,покажува тенденција на континуирано намалување.
За овие преселни птици се вели дека гнездата ги прават само во еколошки чисти средини што значи дека доколку ги има во вашата средина, живеете во чиста и здрава човечка околина.
Кај нас штрковите се задржуваат до средината на месец август,а повторно на југ се враќаат по празникот Макавеј.