Заев најави нови инвестиции и 2000 нови работни места во Куманово

Премиерот Зоран Заев, денеска најави нови инвестиции во државава, а една од најголемите е во Куманово каде ќе се отворат нови 2000 работни места.

Заев најави нови инвестиции и 2000 нови работни места во Куманово

„Она кое што сакам да го знаат граѓаните е дека во овој период е купена фабрика за кабли Неготино, од турска компанија, којашто не работеше години и години, за 6,5 милиони евра. „Дрекслер Мајер“ најавија инвестиција во Куманово за нови 2.000 вработувања. Овие денови нов погон во Кавадарци исто „Дрекслер Мајер“. „Кромберт и Шуберт“ доби една цела нова линија на „Мерцедес“, којашто ќе значи ангажман на 1.600 работници и бараат локација, веројатно се пред одлука за нова фабрика во државава. Со 9 компании во моментов преговараме како за нови странски инвестиции. Очекуваме во втората половина да се вратиме на нормалниот раст“, рече премиерот Заев, на седница на пратенички прашања.