Претрес во Битола, запленета дрога

На 25.02.2021, полициски службеници од Отсекот за за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во домот и помошни простории на П.Б.(31) од Битола.

При претресот биле пронајдени и одземени хероин, амфетамин, марихуана и семки од марихуана. П.Б. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.