12 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА МИЈАЛКОВ ЗА МАСОВНОТО ПРИСЛУШУВАЊЕ

Првообвинетиот Сашо Мијалков дека како директор на УБК формирал злосторничко здружување и злоупотребувајќи ја службената положба и овластувањата од 2008 до 2015 година масовно прислушувал на стотици граѓани, незаконски, без судски наредби, неправосилно осуден е на заедничка затворска казна во траење од 12 години затвор.

Ексначалникот на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, кој со Никола Бошковски од УБК избега во Грција на 18.10.2017 година, за злосторничко здружување и злоупотреба на службената положба и овластувањатa доби 15 години затвор.

Ексначалничката Надица Николиќ за истите две дела е осудена на 3 години.

Создавачки на злосторничката група биле Мијалков, Грујевски и Николиќ, а организатор Мијалков.

За давање параф да се уништи опремата со која се следеле комуникациите на стотиците телефони, за да се скријат доказите, како најодговорна, ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска доби 4 години затвор.

Судијката Џенета Бегтовиќ од Основниот кривичен суд продолжи да ги чита пресудите.

Поранешниот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, осуден е на 6 години.

Избеганиот Бошковски доби 15 години затвор.

Судијата Владимир Туфегџиќ, пак, побара непристрасна истрага за 48-часовното бегство на Сашо Мијалков да се види кој му помогна да избега во неделата.

Овие пресуди се првостепени. Следува натамошна постапка пред Апелациониот суд Скопје.

Заврши базичниот случај на поранешното Специјално јавно обвинителство, воедно и најсложен и најобемен. Од овој скандал со масовното кршење на човековите слободи и права, произлегоа 20-ина обвиненија за корупција и криминал.