Обвинителството бара затворски притвор за Сашо Мијалков

„Мерката куќен притвор за Сашо Мијалков не е доволна за обезбедување, при што предлагаме да му биде одредена мерка ефективен притвор.“, рече обвинителката Ленче Ристоска после денешната пресуда за „Таргет Тврдина“ во која на поранешниот директор на УБК е осуден на казна затвор од 12 години.

Ристоска рече дека МВР нема технички можност за 24 часовен мониторинг за обвинетиот Мијалков, и затоа се бара ефективен притвор.

„Најнапред во текот на вчерашниот ден обезбедени се известувања од МВР, согласно кои известувања, МВР не поседува технички можности (опрема) за 24 часовен видео и електронски надзор на почитување на меркета притвор, што е еден од сегментите на самото решение за куќен притвор.

Исто така има регистрирано адреса во Прага, каде има и возила на негово име, а особено предлагам да се цени фактот дека бил истакнувам претходно од Обвинителството, дека се работи за човек кој е добро ситуиран, поседува приватни бизниси, исто како и членмовите на неговото семејство, и сето тоа му дава на располагање финансиски можности да организира логистика и може да живее во бегство комотно.“, рече Ристоска.

Ристоска предложи ефективен притвор и за Тони Јакимовски.