Костовски: Правдата е тука, денешната пресуда е силен удар врз остатоците од режимот

1223Објавил:Administrator
26 февруари 2021, 14:15СподелиСподелиhttps://www.facebook.com/v2.10/plugins/like.php?action=like&app_id=&channel=https%3A%2F%2Fstaticxx.facebook.com%2Fx%2Fconnect%2Fxd_arbiter%2F%3Fversion%3D46%23cb%3Df2df7c28d36886%26domain%3Dkanal5.com.mk%26origin%3Dhttps%253A%252F%252Fkanal5.com.mk%252Ff36ad44195a4428%26relation%3Dparent.parent&container_width=134&href=https%3A%2F%2Fkanal5.com.mk%2Fkostovski-pravdata-e-tuka-deneshnata-presuda-e-silen-udar-vrz-ostatocite-od-rezhimot%2Fa462988&layout=button&locale=en_US&sdk=joey&share=false&show_faces=false&size=large

Правдата е тука.

Денешната пресуда против обвинетите во предметот „Тврдина-Таргет” е потврда дека времето на партизираното судство, времето кога некои беа над законите е завршено.

Во Република Македонија се случува правда, законите важат за сите подеднакво.

Изречена е првата пресуда за нелегалното прислушување што Сашо Мијалков и врвот на ВМРО-ДПМНЕ со години го практикувале.

Со ова, стигна правдата за над 20.000 граѓани, кои незаконски биле прислушувани со години, само затоа што не мислеле и делувале како врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа пресуда е силен удар кон остатоците на режимот на ВМРО-ДПМНЕ спроведуван од Груевски, Мијалков, Јанкуловска и многу други, кој се уште вирее во Белата палата.

Очекуваме и сите други случаи и предмети, покренати од Специјалното јавно обвинителство и од другите обвинителства кои се водат во судовите, да добијат разрешница и одговорните да бидат соодветно казнети.

Со денешната пресуда паднаа во вода сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и потрчкото на Мијалков и Груевски, Христијан Мицкоски.

Денеска Мицкоски доживеа уште еден пораз, повторно не успеа да го одбрани криминалот во ВМРО-ДПМНЕ. Тоа беше единствената негова улога за којашто беше поставен токму од Груевски и Мијалов на чело на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски е постојано поразуван од правдата, поразуван од граѓаните.

Почитувани граѓани,

Патот на правдата заедно го започнавме уште во 2015 година со Вистината за Македонија.

Изминавме тежок пат, но сега, патот е чист и се почесто ќе бидеме сведоци на спроведена правда.

Повеќе нема недопирливи, нема поединци над законите. Денес има силна, ефикасна правна држава која ги спроведува законите и испорачува правда за сите подеднакво.

Мартин Костовски, пратеник на СДСМ